Избор на уредникотМакедонијаТоп

Скопје како Авганистан, со експлозив разнесен банкомат во Бутел

Силната експлозија утрово го разнесе банкомат на НЛБ лоциран во скопската општина Бутел. Инцидентот се случил кај „Алпи“ на улица „Христијан Тодоровски-Карпош“. Во моментов полицијата е на терен и се врши увид на местото на настанот.

Според првичните сознанија, зад поставувањето на експлозивот стојат четири лица коишто на тој начин се обиделе да земат пари од банкоматот. Околу три часот изутрина тие ја активирале експлозивната направа, но не успеале да го пробијат банкоматот. Експлозијата оштети три возила кои биле паркирани во непосредна близина.

Пред повеќе од шест месеци се случи сличен напад кога вооружени лица со пиштол му се заканиле на обезбедувањето на деловен објект „Поинт реатил парк“ во Топанско Поле, а потоа запалиле четирите банкомати лоцирани во близина.

Поврзани вести

Back to top button