Скопјанец хакирал фејбук профил на девојка и на нејзината мајка и ги злоупотребувал нивните податоци

Објавено: среда, 17 август 2016 во 12:35
Spread the love

Секторот за компјутерски криминал и дигителна форензика поднесе кривична пријава против 23-годишниот А.Е. од Скопје, поради „злоупотреба на лични податоци“.

Пријавениот со цел да нанесе штета на оштетената и нејзината мајка без нивна согласност ги набавил нивните лични податоци и ги користел нивните лични „фејсбук“ профили, злоупотребувајќи ги нивните податоци на интернет, праќајќи на други лица пораки со недолична и заканувачка содржина од истите.