Живот

Сите користиме алуминиумска фолија за спремање на храната, а никој не е свесен дека е опасна по живот!

Сите ние често користиме алуминиумска фолија за пакување или подготвување на храна, но малкумина од нас знаат дека истата може да биде многу опасна доколку не се користи на прав начин, особено доколку ја изложите на висока температура!

Најновите истражувања покажуваат дека алуминиумската фолија може да биде опасна по здравјето доколку се користи за печење на храната пишува Simle Capacity.

Пронајдени се големи количини на алуминиум во храната која е подготвувана со помош на алуминиумска фолија. Овој метал е опасен бидејќи кога се акумулира во организмот може да предизвика сериозни болести од кои едната е Алцхајмер.

– Што поголема е температурата на која се подготвува храната обложена со фолијата, поголема е шансата алуминиумот да се најде во храната – објаснува авторот на студијата.

Алуминиумската фолија е безбедна доколку се користи за обложување на ладна храна, при ниски температури нејзината структура не се разложува.

Таложењето на алуминиумот во организмот може да биде исклучиво опасно, особено за коските и крвниот систем.

Најдобар показател дека телото се бори со голема количина на алуминиум е покаченото ниво на калциум, што може да предизвика негово таложење на коските и на крај остеопороза.

Претходни истражувања покажале дека кај заболените од Алцхајмер е пронајдено високо ниво на алуминиум наталожен на мозочното ткиво. Тоа го утврдиле по смртта на болните со обдукција.

Така, доколку сакате да ја печете храната на висока температура, а храната да не ви загори и притоа да го зачувате вашето здравје, алуминиумската хартија заменете ја со хартија за печење.

Поврзани вести

Back to top button