Избор на уредникотСвет
Синот и зетот на Ердоган на протестите за поддршка на Хамас во Истанбул
Синот на Реџеп Таип Ердоган, Билал и неговиот зет Селџук Бајрактар, учествуваа во првите редови на демонстрациите за поддршка на Хамас што во неделата се одржаа во Истанбул. Сликите беа објавени на платформата Х (поранешен Твитер) од авторот, историчар и новинар Бабак Тагваи, пишувајќи: „Овие слики се доказ за поддршката на Турција за терористичката организација Хамас“.
Денеска, синот на Ердоган, Билал, кој имаше врски со ИСИЛ (Исламска држава) и неговиот зет Селџук Бајрактар, производител на беспилотни летала од Бајрактар, присуствуваа на митинг про-Хамас, анти-Израел во Истанбул, вели Тагваи.