Швајцарија конфискува пари и вредни предмети од бегалци за да покрие трошоци за нивни престој

Објавено: петок, 15 јануари 2016 во 09:45
Spread the love

Бегалците кои пристигнуваат во Швајцарија треба им предадат на властите пари и вредни предмети за да помогнат во финансирањето на својот престој, јави телевизијата Ес-Ер-Еф.

svajcarija

Медиумот покажа документ која сириски бегалец ја добил од властите кога требало да предаде половина од парите што ги имал кај себе. На документот што го пополнуваат бегалците пишува: – Ако имате вредни предмети над 1000 швајцарски франци (или пари) кога пристигнувате во прифатен центар за бегалци должни сте тие средства да им ги предадете на властите.

Претставник на организацијата за помош на бегалци од Швајцарија го оквалификува тоа како „недолично“ и нагласи дека таквите правила треба да се променат.

Швајцарските миграциски власти наведуваат дека законот бара од кандидатите за азил и бегалците да придонесат кога е можно, да се покријат расходите за нивниот престој.

– Ако некој се врати доброволно за седум месеци, ќе ги добие назад парите. Во спротивно – парите се употребени за расходи на тоа лице, изјави портпаролка на Државниот секретаријат за миграција.