Живот

Село во БиХ објави конкурс за невести

Босанското село Крушев До, во близина на Сребреница, кое се нарекува и „село на ергени“, објави конкурс за невести, јави радиото „Слободна Европа“. Босанското село Крушев До e најоддалеченото село во подрачјето на општина Сребреница. Ова село, кое се нарекува и „село на ергени“, објави конкурс за невести, јави радиото „Слободна Европа“.

Во минатото во Крушев До имало околу 400 жители, но сега таму живеат само триесетина бегалци-повратници, од кои повеќето мажи.- Жените сè поретко враќаат тука. Имаме 13 или 14 ергени. А и оние кои се женети, ги сметаме за ергени затоа што нивните сопруги не се со нив – изјави за радиото Заим Омеровиќ, един од селските ергени, за радио „Слободна Европа“.За да не живеат осамено, ергените кои се наоѓаат во добра форма, објавија конкурс за невести.Омеровиќ вели дека меѓу условите што треба да ги исполнуваат кандидатките за невестите се да знаат да готват и да чистат.

Поврзани вести

Back to top button