Свет

Саудиска Арабија има 7 нуклеарни бомби

Не станува збор само за Сирија, туку и за доминантна улога на Блискиот исток, а можеби и во целиот муслимански свет.

Крвавата војна во Сирија привремено е сопрена со прекинот на огнот кој започнал на 27. февруари. Меѓутоа, шансите дека сите страни вклучени во судирите ќе постигнат договор и ќе стават крај на судирите сè се помали.

Чешкиот аналитичар Лукаш Бизинг смета дека сè уште постои можност Турција и Саудиска Арабија да започнат копнена офанзива во Сирија, која би можела да предизвика судир со Русија, бидејќи се појавиле вознемирувачки тврдења дека Ријад поседува мал нуклеарен арсенал.

Сегашното примирје во Сирија пред сè е хуманитарно, и не се однесува на терористите на ИСИС и другите радикални групи. Борбите се сè уште во тек, но во помала мера. Прекинот на огнот е договорен токму во моментот кога требало да започне жестоката битка за Алепо, последниот голем сириски град под контрола на таканаречената “умерена” опозиција.

Ослободувањето на Алепо конечно би ги поделило сириските опозициски сили и истовремено би значело важна победа за Москва и Техеран. Ситуацијата во Алепо исто така е поврзана со улогата на сириските Курди, бидејќи силите на курдската милиција се голема главоболка за Турција, спонзор на некои од сириските опозициски групи. Другите ги поддржува Саудиска Арабија и другите монархии од Заливот, кои вложиле многу во рушење на сирискиот претседател и не се подготвени да се повлечат.

Сега веќе не станува збор само за Сирија туку и за доминантна улога на Блискиот исток, а можеби и целиот муслимански свет.

По “Арапската пролет” ширум Блискиот исток се појавиле некои нови политички трендови. Еден од нив е настојувањето на Вашингтон конечно да се оствари договор за нуклеарната програма на Иран. За традиционалните американски сојузници на Блискиот исток тоа било сигнал дека САД се оддалечува од регионот. Поради тоа, земји како Турција или Саудиска Арабија почнале да планираат зголемување на својата улога на Блискиот исток.

Тврдењето дека Ријад може да биде нуклеарна сила кружи уште од 80-тите години. Во тоа време Саудиска Арабија купила кинески ракети “DF-3A”, коии имаат максимален оперативен опсег од 2.500 километри. Подоцна било објавено дека Арабија набавила нуклеарни боеви глави, бидејќи Ријад го финансирал нуклеарниот програм на Пакистан. Сепак, овие наводи се воспоставиле како гласини.

Но, неодамна повторно се појавиле тврдења дека Ријад навистина е подготвен да купи нуклеарни боеви глави од Пакистан, доколку Иран стане нуклеарна сила. Во февруари 2016. година, саудискиот политичар Дахам Ал-Анзи, во интервју за Russia Today рекол дека Саудиска Арабија веќе поседува нуклеарно оружје. Во разговор за Fox News, еден поранешен офицер на ЦИА рекол дека Ријад има четири или седум нуклеарни бомби.

Меѓутоа, ниеден службеник од Саудиска Арабија не дал изјава за тоа.

“Тоа може да биде и блеф. Но, исто така може да биде и дел од стратегијата за нуклеарна нетранспарентност која веќе ја има Израел. Доколку Саудиска Арабија навистина има нуклеарно оружје, тоа би можело да има големи последици. Би можело да се започне трка во нуклеарното вооружување на Блискиот исток, вклучувајќи ги Иран, Турција и Египет. А во такво сценарио, Русија би можела да ги распореди своите тактички нуклеарно бомби, што само би го зголемило судирот до точка каде нема да има победник”, заклучил чешкиот аналитичар Лукас Висинг.

Поврзани вести

Back to top button