Свет

САД ѝ порачаа на Турција: НАТО нема да ве спасува

Прифаќајќи ги условите на примирјето во Сирија со Русија, САД покажаа дека НАТО нема да ја поддржи Анкара, смета поранешниот американски дипломат Џим Џатрас, пренесува Раша тудеј.

„Може да има различни замки, на пример сириската војска може да го прекршува примирјето тврдејќи дека напаѓа терористи“, кажа Џатрас.

Тој истакна дека не е сигурен дека примирјето опфаќа и прекин на турското бомбардирање на курдските позиции во Сирија.

„Ако го погледнете договор, таму не се спомнати специфично Турција или Саудиска Арабија, иако тие можат да се стават под „американската коалиција“, а всушност не се вистински нејзин дел. Турција е загрижена поради Курдите и поддржува некои терористички групи во Сирија. Мислам дека овој договор се сведе само на Русија и САД поради тоа што Турција и Саудиска Арабија во последните неколку недели почнаа да креваат врева за испраќање копнени трупи во Сирија“, вели Џатрас.

„Ако Турција реши да испрати трупи во Сирија, тоа ќе биде нелегално. Вашингтон ѝ даде до знаење на Анкара дека ако се доволно глупави да испратат војници во тоа ќе бидат сами, како и дека ако Русите припукаат, да не очекуваат да ги спасува НАТО“, истакна тој.

Џатрас смета дека може да се очекува „многу нешта да тргнат наопаку“ и дека поради тоа „воените опции на Дамаск и Москва мора да останат на масата“.

Поврзани вести

Back to top button