ЖивотИзбор на уредникот

Руски научник го открива најмоќниот природен лек против рак

Рецептот на рускиот научник, професорот Христо Мермерски, многумина го претставуваат како револуционерен лек, со којшто наводно илјадници луѓе успеале да се излечат од рак.

– Тоа е храна за лечење на комплетниот организам, а ракот во таков организам едноставно се повлекува, изјавил во своите предавања професорот Мермерски.

Тајната се крие во тоа што оваа смеса ги чисти крвните садови, го лечи срцето, го обновува имунитетот, го чисти црниот дроб и ги прочистува бубрезите. Исто така, ја подобрува работата на мозокот и помнењето, чува од инфаркт и доведува до излекување на оние коишто доживеале инфаркт или мозочен удар. Многумина говорат дека се работи за најдоброто сретство против сите видови на рак!

Состојки:

● 15 свежи здрави лимони,
● 12 главици свеж лук
● 1 кг домашен мед
● 400 гр из’ртено жито (млада зелена пченица)
● 400 гр свежи ореви

Подготовка на из’ртеното жито:


Ставете 400 гр пченица во чист стаклен сад. Налејте со вода и оставете да отстои, најдобро преку ноќ. После 10 до 12 часа, преку чиста газа, процедете ја водата и добро исплакнете ги зрната, па повторно процедете низ газа. Во садот оставете ја исцедената пченица да отстои 24 часа. После тоа, ќе добиете пченица со никулци, со должина од 1 до 2 милиметри.

Подготовка на лекот:

Сомелете ги заедно из’ртената пченица, оревите и исчистените главички лук. Сомелете 5 лимуни со својата кора, па сето тоа заедно измешајте го. Од останатите 10 земете го само сокот и промешајте со останатата смеса, додека смесата да стане хомогена.

Додадете мед и подолго мешајте со дрвена лажица, а потоа сипете во стаклени садови. Оставете ги садовите со смесата да стојат 3 дена во фрижидер, а потоа може да започнете со консумација.

Примена:

Оваа храна се зема 30 минути пред појадокот (една до две супени лажици), пред ручекот, пред вечерата и пред спиење. Ако ја користите за лечење на рак, земајте по една до две лажици, на секои два часа.

Aко пак смесата ја користите превентивно, се препорачува тоа да го правите еднаш годишно.

Професорот Мермерски вели дека рецептот гарантира здравје и долг живот, како и излекување од рак, сочувување на свежината на телото, младоста и енергијата.

– Овој лек ги содржи сите неопходни витамини, минерални соли, биоактивни супстанци, протеини, јаглени хидрати и растителни масти. Затоа и ја подобрува работата на сите внатрешни органи и жлезди, коишто пак го одржуваат телото здраво, а како резултат на сето тоа доведува и до излекување на ракот, во потполност, потенцира овој доктор.

Поврзани вести

Back to top button