Рогозун до Бајден: Tреба да се потсетиш кој е воениот злосторник, кој се залагаше за бомбардирање на Белград (ВИДЕО)
Одговарајќи на обвинувањата на американскиот претседател Џо Бајден против Владимир Путин дека е воен злосторник, генералниот директор на Роскосмос Дмитриј Рогозин праша кои се вистинските воени злосторници.
„Можеби Бајден треба да се потсети кој е воениот злосторник? – напиша шефот на државната корпорација на својот канал „Телеграм“, приложувајќи архивска снимка на која Бајден признава дека предложил бомбардирање на Белград во 1999 година и испраќање пилоти на американското воено воздухопловство да уриваат мостови на Дунав“, пренесува РИА Новости.
„На работ од својот гроб, овој крвав старец мора да се сеќава на неговите злосторства, на илјадниците цивили што ги уби“, заклучи Рогозин. Бајден синоќа говорејќи за Путин рече дека „тој е воен злосторник“.
Кремљ одговори дека „таквата реторика на шефот на државата, во чии бомби загинаа стотици илјади луѓе ширум светот, се смета за неприфатлива и непростлива“.
Во 1999 година, вооружениот конфликт меѓу албанските сепаратисти од Ослободителната војска на Косово и Српската војска и полиција доведе до бомбардирање на Југославија од силите на НАТО.
Западните земји започнаа воена операција без одобрение на Советот за безбедност на ОН, тврдејќи дека југословенските власти извршиле етничко чистење во автономијата на Косово. Воздушните напади траеја од 24 март до 10 јуни 1999 година и резултираа со смрт на над 2.500 луѓе, вклучително и 87 деца, и штета од 100 милијарди долари.