Свет

Разузнавачките служби предупредуваат: Tерористи ќе ги нападнат европските градови!

Неименувана “пријателска” разузнавачка служба предупредила неколку европски градови на можни терористички напади, соопшти полицијата во Виена.
Нападите би вклучувале експлозив или пушки, а би можеле да се случат меѓу Католички Божик и Нова Година, пишува во изјавата, но не се наведува кои градови се предупредени.
Во предупредувањето се наведени имиња на можните напаѓачи, кои виенската полиција ги истражувала без пронаоѓање на конкретни резултати.Се на се, ова е трага, која укажува на зголемено ниво на опасност, соопшти виенската полиција.Во одговорот на можните терористички закани, виенската и друга полиција во Европа ги зајакнале сигурносните мерки со поголемо полициско набљудување и надзор на јавните места, особено на клучните места и високо фрекфентните подрачја.Мерките на внимателност вклучуваат проверка, сигурни брзи акции во итни случаи, и зголемо внимание при пронаоѓање на празни куфери и торби.

Националната полиција на Франција одбила да ги коментира предупредувањата но вели дека повеќе од 48 000 полицајци се посветени на сигурноста на местата за време на школските празници од 19 декемврри до 4 јануари, а Франција планира да вработи 2. 000 нови полицајци следниот месец.

Белгискиот обвинител кој ја извршува функцијата на портпарол на влада по прашањето во врска со тероризмот одбил да го коментира соопштението на виенската полиција.

Поврзани вести

Back to top button