Рација во позната скопска кафеана во Центар, пронајдено еден куп дрога
Ноќеска полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје, Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје и Одделението за имотни деликти и малолетничка деликвенција при Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар извршиле контрола на угостителски објекти на подрачјето на Центар во Скопје.
При контролата лишени од слобода биле 12 лица, и тоа: Ф.С.(21), Б.Л.(22) двајцата од Скопје и Д.Ч.(43) од Р.Турција, затоа што кај нив била пронајдена марихуана, Ѓ.Н.(41), Н.Г.(32), Д.С.(27), П.К.(24), Х.В.(38), А.К.(37) и Д.С.(23), сите од Скопје и И.Г.(42) од Битола, затоа што кај нив бил пронајден и одземен кокаин и Т.Т.(25) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени марихуана и амфетамин.
По документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.