Пратеничка од турскиот Парламент јавно проговори дека примила Православие
Пратеничката од најголемата турска опозициона Републиканско-народна партија,
Селин Саје Боке прими Православие.
Во интервју за турските медиуми, пратеничката Селин, која потекнува од градот Смирна (Измир), на прашањето „дали е христијанка“ одговорила дека навистина примила Православие.
Селин е родум од областа Хатај којашто се наоѓа на југ од Турција. Тој регион традиционално бил населен со православни христијански арапи, кои за време на притисокот и репресиите од страна на турската власт биле принудени да ја кријат својата религиозна принадлежност.
Пратеничката од Републиканско-народната партија примила свето Крштение во Александрете (Искендерун) во храм при Антиохиската Православна Црква.
И покрај многубројните критики и негативната реакција од сопствената партија, Селин не само што прими Православие, туку и не се исплаши јавно да ја исповеда својата вера.
Извор: АгионОрос