Свет

Прашал муслиманка во Британија за Брисел – и бил уапсен

Човек од Кројдан бил уапсен по коментарот на Твитер за соочување со муслиманка на улица, која ја прашал да го објасни нападот на Брисел.

Метју Дојл на својот профил на Твитер поставил објава на која напишал: “Вчера се соочив со муслиманка во Кројдон. Ја прашав да ми го објасни Брисел. Таа ми кажа “Нема тоа никаква врска со мене”. Лицемерен одговор…”

Портпаролот на Скотланд Јард по повод овој случај ја дал следната изјава.

“Го уапсивме 46-годишниот маж поради сомнение дека поттикнува расна омраза на социјалните мрежи. Уапсениот и вечерва ќе остане во притвор во јужен Лондон”.

Коментарот како вирус се проширил на Твитер. Бранејќи ги своите коментари, Дојл заHuffingtn Post рекол ја прашал жената за ова бидејќи носела исламска марама.

“Таа носеше знаме. Доколку јас на улица носам јакна украсена со знамето на Британија, тогаш ќе бев затворен поради некоја злоупотреба”, рекол тој.

Поврзани вести

Back to top button