Поранешен службеник на Пентагон – Забележавме мистериозни објекти
Пентагон навистина имал тајна програма за следење неидентификувани летечки објекти. Поранешен службеник на Пентагон, кој водел владина програма за истражување потенцијални НЛО-а, изјавил дека верува дека на Земјата имало нешто што не е одовде.
Не сме сами?
– Ќе бидам искрен, моето лично мислење е дека постојат докази дека можеби не сме сами – изјавил поранешниот службеник на Пентагон, Луис Елизондо.
Од „Њујорк тајмс“ дошле до документи и договори што покажуваат дека Пентагон со дозвола на американскиот конгрес во периодот од 2007 до 2011 година потрошил околу 22 милиони долари на Програма за идентификација на напредна закана од воздушно-вселенскиот простор, што опфаќала истражување и процена на закани од НЛО.
Елизондо за „Њујорк тајмс“ изјавил дека во октомври поднел оставка во знак на протест поради она што се нарекува претерана тајност на програмата и внатрешно противење, откако во 2012 година престанало финансирањето на проектот.
Мистериозни објекти
Инаку, екипата на Пентагон собирала информации од припадници на армијата, главно од пилоти, кои забележувале мистериозни објекти.
Елизондо рекол дека не може да говори во име на владата, но јасно навестил дека постојат докази што го спречиле да ја исклучи можноста дека вонземско летало било на Земјата.
– Овие летала, кои ќе ги наречеме авиони, покажуваат карактеристики што во моментов ги нема на американскиот попис, како ни во која било друга земја колку што знаеме – рекол Елизондо, коментирајќи ги објектите што ги истражувале.
Тој додал дека програмата настојувала да се идентификува она што било видено, без разлика дали по пат на алатки или изјави на очевидци, а потоа да се утврди дали претставуваат потенцијална закана за националната безбедност.
– Најдовме многу – додал Елизондо.
Некогашниот службеник на Пентагон истакнал дека идентификувале објекти со аномалии, кои се спротивставуваат на законите на аеродинамиката.
Една од мистериите е и неодамна обелоденет материјал, снимен од кокпитот на „Ф/А 18 Супер хорнет“ на САД. На снимката, може да се слушне како пилотите му се чудат на објект со огромна брзина и крајно невообичаена ротација.