Живот

Поранешен работник објавил снимка: Во виршлите ставаат расипано месо

Од месната индустрија пратиле соопштение во кое демантираат сè.

Поранешен работник во месната индустрија “Матијевиќ” од Нови Сад, Михајло Чепи, на социјалните мрежи објавил снимки од фабриката кои покажуваат дека неговиот поранешен работодавец користел расипано месо. Од месната индустрија пратиле соопштение во кое ги демантираат тие наводи.

Снимките настанале пред две години додека Чепи бил таму вработен. Причината за објавувањето на снимките не е уцена, туку Чепи сакал луѓето во Србија да знаат што јадат, пишува 021.rs.

“Буквално сè што е вратено, сè што е со минат рок, сè што смрди и не се продало. Сè што се замрзнало и стои во комора и чека преработка. Се додава кромид и сол за да не се расипува дополнително, а ако се расипе се мие со киселина и боја за месо. Потоа се додава во салами, и со закон е забрането кај нас и во ЕУ. Бојата се фрла кога доаѓаат инспекции”, рекол Чепи за 021.rs.

Снимките биле доставени и до Обвинителството за организиран криминал.

Месната индустрија ги демантира овие наводи

Од друга страна, од индустријата Матијевиќ пратиле соопштение во кое ги демантираат наводите на поранешниот работник:

“Почитувани потрошувачи,

По повод невистинитиот и тенденциозен напад на нашата и ваша компанија од страна на поранешниот работник, наша должност и човечка обврска е да ве известиме дека спорната снимка настанала во делото од фабриката каде носи отпадот.

Месната индустрија Матијевиќ како одговорна компанија собира и сортира отпад, што е нормален процес за речиси секоја индустрија.

Тоа е процес кој не е дел од производството и со истиот се управува во рамки со позитивни законски прописи и под надзор на инспекции за што се води посебна евиденција.

Тоа што е спорно е тоа што на снимката таа роба е претставена како сировина за производство.

За 25 години постоење месната индустрија Матијевиќ, пред сè како семејна компанија, строго води сметка за сигурноста и квалитетот на своите производи и своите потрошувачи”, стои во соопштението.

Поврзани вести

Back to top button