Мистерии

(ВИДЕО) Научниците едногласни – Вонземјаните се околу нас

Астрономот Димитар Саселов научник од Харвард ја објаснува теоријата за „Фермијевиот парадокс“ кој се заснова на фактот дека Земјата е опколена со бројни галаксии, милијарди ѕвезди, и најверојатно огромен број на планети со населен облик на живот.

dimitri-saselov-foto-printscreen-yt-1454588617-838185

На прашањето зошто тогаш никој досега непобитно не докажал дека вонземјаните постојат, Саселов вели дека работата е во тоа што тие сеуште не се еволуирани.

Околу 200 милијарди галаксии во делот на космосот кој сме кадарни да го набљудуваме покажува потенцијал дека во нив можел да се развие живот, изјавил тој за Дејли галакси. Поради тоа што планетите и животот во нашата вселена е млада, „човечкиот вид не е последен кој дошол на забавата. Можеби сме меѓу првите кои се развиле“, вели професорот Саселов.

Во својата книга „Животот на Суперземјаните“, тој тврди дека галаксиите можат да станат доволно стабилни за развој на планети пред 9 милијарди години. Според неговата пресметка, планетите како Земјата, и поголемите Суперземји почнале да се формираат пред седум до осум милијарди години. Додека, и самиот развој на живите суштества можел да почне најрано од тогаш, ако не и подоцна.

„Фермијевиот парадокс е точен само ако временскиот оквир за продолжување на животот е многу пократок од настанувањето на вселената“, вели тој.

НАСА се согласува со него и тврди дека вонземјаните ќе не пронајдат за 10 до 20 години“ и тоа како мали микроби.

Поврзани вести

Back to top button