Полската премиерка: Не прифаќаме бегалци, не сакаме да ни се случи Лондон
„Еврокомесарот за бегалци е должен да се фокусира на тоа што да се направи за да не се случуваат напади како вчерашниот во Лондон. Вчера беше одбележана и годишнина од нападот во Брисел. Тоа покажува дека Европа не смее да се чувствува безбедно, а таа е должна да се чувствува безбедно. Не можеме да не ја поврзуваме емиграциската криза со случувањата во Европа“, кажа таа.
Шидло истакна дека е точно дека не е секој бегалец терорист, но предупреди дека Европа не е во состојба да води безбедна политика на емиграција.
„Полска нема да подлегне на уцени. Време е Европа да извлече поука од тоа што се случува. Земјите од ЕУ не прифаќаат да примаат бегалци. Се реализираат само 10 отсто од сегашната емиграциска политика. Се обидуваме да продолжиме да одиме во погрешна насока. Мора да се најдат други решенија за проблемот со емиграцијата“, кажа полската премиерка.
Претходната полска влада се обврза дека Полска ќе прими околу 7.000 бегалци во рамки на националната квота од механизмот за прераспределба на бегалците пристигнати во Европа, но таа квота може уште еднаш да се повтори, што значи релокација на 14.000 бегалци.
Владата на премиерката Шидло тврдеше прво дека ќе ја почитува меѓународната обврска на Полска, иако е против неа. но минатата година го сопре приемот на бегалци од Блискиот Исток и Африка со објаснување дека ќе ги прими само оние кои не претставуваат опасност по безбедноста на Полјаците.