Свет

Погледнете што остана од античкиот град по терористичката окупација

„Пустинскиот бисер”, како што го нарекуваат древниот град Палмира, беше национално богатство не само за Сирија, туку и за целиот свет.Токму затоа тој беше цел на Исламската држава, бидејќи зад себе има историја од 2000 години од постоење и древни статуи и храмови кои терористите секојдневно ги уништуваа.

Сириската армија ја врати контролата врз градот Пламира, откако ги протера џихадистите од групацијата Исламска држава, кои го контролираа античкиот град околу една година, изјави сириски воен извор, јави БТА.

По жестоките борби во текот на ноќта армијата веќе целосно го контролира градот Палмира, вклучувајќи ги античкиот објект и градскиот дел.

Според изворот џихадистите се повлекле од градот.

Руските воздушни сили извршиле во период од 24 часа 40 напади врз цели во околината на Палмира во сириската провинција Хомс, соопшти вчера руското Министерство за одбрана.

– Нападите се извршени врз 158 објекти на терористите, што резултираше со уништување на сто џихадисти, четири тенка, три артилериски парчиња, четири складишта за муниција и пет возила, се наведува во соопштението објавено на сајтот на руското Министерство за одбрана.


Поврзани вести

Back to top button