Свет
Погледнете како руските хеликоптери ги уништуваат припадниците на ИД
Некои од снимките на социјалните мрежи ги постави и вицепремиерот на Русија задолжен за воената индустрија, Дмитриј Рогозин.
Хеликоптерите Ми-18НЕ во нападите користеле противоклопни наведувани ракети „атака“, кои според кодификацијата на НАТО се нарекуваат АТ-9 спајрал-2.
Пикапите и камионите на Исламска држава се разнесени на парчиња, а на снимките се гледаат и терористите што ги преживеале нападите како бегаат од уништените возила, пишуваат руските медиуми.
На одделни снимки се гледа како терористите пукаат во хеликоптерите од автоматски пушки, но не успеваат да им нанесат никаква штета.