Избор на уредникотМакедонија

Пари за болни деца нема а за 3.000 рамковно вработени по 20.000 денари неработени пари секој месец

Бура од реакции во јавноста предизвика информацијата на Министерот за администрација Манчевски, дека од понеделник 1.600 од 3.000 вработени по Рамковен договор, ќе почнат да доаѓаат на работа, по 5 години недоаѓање, но земање плата.

Родители на деца со ретки болести, кои се обидуваат преку  здруженија да ги остварат правата на своите деца, се крајно револтирани.

Богдан Герман, пишува:

,,Во Р.Македонија, околу 3.000 лица добивале просечна месечна нето плата од 20.000 денари без да работат. Некои не ни знаат каде се наоѓа институцијата во која се вработени.
За жал, во Р.Македонија има околу 500 лица со ретка болест. Дел од нив (нивното семејство) добива од државата месечно по 4.500денари. Некои не добиваат ни толку, а некои и воопшто не добиваат. За жал, некогаш овие средства не ги покриваат ни дневните трошоци.
Овие средства (4.500денари) лицето со ретка болест ги добива до 26год. а оние 3.000 лица кои не работеле, добивале нето плата (во просек 20.000ден) без разлика на возраста.

И да… најчесто еден родител останува невработен (за да се грижи за детенцето)…и нормално, нема стаж-нема пензија, а оние 3.000 лица ќе имаат и стаж, па и пензија.
Живот…“-реагира на својот ФБ профил овој родител кој вели дека мака мачат да овозможат колку-толку нормален живот на своите деца.

IИЗВОР: AKO.MK

Поврзани вести

Back to top button