Паника во Косово – Поради бомбардирањата на НАТО, епидемија на рак
Албанците од Косово се вознемирени од текстот кој бил објавен во приштинскиот весник “Експрес”, а во кој а наведено за речиси 10 тони осиромашен ураниум фрлен на Косово за време на војната во 1999. година, при бомбардирањето на НАТО.
Според пишувањат на Вечерње новости, во извештајот на Обединетите Нации е наведено дека бомбардирањето со осиромашен ураниум влијаело на квалитетот на воздухот, земјата и водата, што предизвикало краткорочни последици, но и последици на подолг период.
Извештајот на Бакари Канет, шеф на мисијата за заштита на животната средина при Обединетите Нации, за страшните последици од бомбардирањето на Косово, вели дека наредната генерација која живее во бомбардираното подрачје ќе боледува од рак и леукемија, ќе има голем број абортуси и големи деформации кај новороденчињата.
Податоците во овој извештај без сомнение оправдуваат голем број на смртни случаи од претходни 15 години.
Еколошката партија на Косово бара од институциите на Косово, ова прашање да го започнат на ниво на Европска Унија, за да се преземат мерки кои би биле ефикасни и кои би го спречиле овој феномен кој е штетен за здравјето на граѓаните на оваа држава.