Живот

Овој симптом укажува на проблеми со срцето

Доколку имате проблеми со болки во рамото, тоа би можело да укаже на проблемите со срцето, тврдат научниците.

– Ако некој има проблеми со ротаторната манжетна на рамениците, тоа би можело да биде знак за некоја друга состојба, односно за проблеми со срцето – изјавил водечкиот автор на американското истражување Курт Хегман од Јута.

Во истражувањето научниците ги анализирале податоците на 1.226 стручни работници. Колку повеќе фактори што доведуваат до болести на срцето пронашле кај работниците, вклучувајќи го високиот крвен притисок, високото ниво на холестерол и дијабетесот, дотолку биле поголеми и проблемите со рамото.

Учесниците во истражувањето со најтешките физички фактори се во групата со 4,6 пати поголеми шанси за болки во рамото од оние кои ги немале тие фактори. Исто така, шансите за тендинопатија на ротаторната манжетна на рамото се шест пати поголеми.

– Голема сила може да го забрза влошувањето на проблемите со ротаторната манжетна на рамото, но не е примарна причина. Ризичните фактори за кардиоваскуларни болести можат да бидат поважни од факторите на работното место – додал Хегман.

Контролирањето на крвниот притисок и другите ризични фактори за болестите на срцето можно е да се намалат непријатностите со рамото.

Поврзани вести

Back to top button