Свет

Оваа жена е прогласена за најубава мајка и сопруга во Русија

Сега веќе традиционалното натпреварување „Госпоѓа Русија“ кое се одржува во московската арена „Мир“ официјално ја доби новата победничка, а тоа е Полина Диброва, мајка на три деца и сопруга на рускиот телевизиски водител Дмитри Дибров.

Како вели самата, не било лесно да се победи затоа што Русија има многу убави и исполнети жени.

Пред десет години учествував во натпреварување за убавина, но од тогаш до денес не сум размислувала дека би можела повторно да се пријавам. Сепак, сопругот и јас се сложивме дека децата се доволно големи и дека нема да ги запоставам со моето учество – рекла Полина.

Како најважна состојка во рецептот за убава жена, Полина ја наведува поддршката на сопругот со која жената едноставно мора да блеска.

Според начинот на кој жената изгледа, можете да ја видите атмосферата во семејството во кое живее – рекла најубавата госпоѓа на Русија.

Познатиот руски ТВ водител, Дмитри Дибров се сложил со заклучоцте на својата сопруга, додавајќи дека ваквото натпреварување овозможува жените да покажат и докажат дека со влегувањето во брак животот на жените допрва започнува, а не завршува.

 

Поврзани вести

Back to top button