БизнисИзбор на уредникот

Оваа идеја ги надминува сите очекувања: Швеѓаните сфатија како бесплатно да ги загреваат куќите

Познато е дека Швеѓаните се еколошки и технички напредна нација. Но, нивниот најнов технолошки проект ги изненади сите и секако е голема вест во еколошките технологии.

Во еден дел од Стокхолм, поточно во населбата Скарпанк, се гради голема база на податоци. Сите кои поседуваат компјутери знаат колку се загреваат, но сигурно никој досега не помислил дека оваа енергија може да се искористи за загревање на куќата!

Швеѓаните штотуку сфатија и дојдоа на идеја да ја искористат таа инаку бескорисна енергија. Со топлинска енергија на компјутерите ќе се греат околу 30.000 домаќинства!

Целиот проект го води компанијата Фортум, а според нивните предвидувања, компјутерите во иднина би можеле да загреваат повеќе од 10 отсто од куќите и зградите. Поради оваа причина, градските советници одлучија да се отворат повеќе компјутерски центри во Стокхолм.

Главниот град на државата чиј слоган е „во чекор со времето“ ќе стане еколошки уште понапреден.

Извор: BiznisPRO.com

Поврзани вести

Back to top button