Добитник на 40 милиони долари на лото се откажал од нив, парите ги донирал во добротворни цели

Објавено: четврток, 7 декември 2023 во 15:34
Spread the love

Кога дознал дека на лотарија освоил 40 милиони американски долари, што е околу 37 милиони евра, воопшто не се возбудил. Добитникот на лото Том Крист се откажа од своите 40 милиони долари освоени на канадската лотарија.

– Имав среќа да работам за компанијата 44 години. Во текот на мојата кариера заработив доволно пари за да се грижам за себе и за моите деца. Затоа не ми требаат освоените пари на лотарија, изјавил овој долгогодишен директор на електрична компанија во Канада за „CBC News“.

Наместо да ги земе освоените пари, тој решил да донира милиони во добротворни цели.

Но, позадината на таквата одлука е потресна.

Неколку месеци пред да освои пари на лотарија, Том Крист доживеа тежок судбински удар, неговата сопруга почина од рак на белите дробови.

Ова, како што објасни, е и причината поради која ги донирал големите добивки од лотарија на добротворна организација која се грижи за децата на кои им е потребен посебен третман за рак.