Бизнис

Ова се десетте најугледни универзитети во светот?

Според последната листа на „Тајмс хајер лрнинг“ (Times Higher Learning) (TХE), лондонски магазин кој се занимава со образование и секоја година ја објавува листата на најугледните универзитети на светот, „Харвард“ е на прво место. Институциите се рангирани по репутацијата, истражувањата и предавањата. Листата содржи 100 универзитети, од кои 43 се од САД. – Растот на Азија стана некој вид на клише во последно време, но нашите докази, од шест глобални истражувања во текот на шест години, вклучувајќи ги видувањата на повеќе од 80.000 истражувачи, покажуваат дека тој баланс и моќ во високото образование и истражување, полека се поместува од Западот кон Истокот – вели уредникот на TХE, Фил Бети.Ова се десете најугледни универзитети според магазинот THE:

  1. Харвард, Кембриџ, САД
  2. Институт за технологија Масачусетс, САД
  3. Стенфорд, Стенфорд, САД
  4.  Универзитет Кембриџ, Кембриџ, Велика Британија
  5. Универзитет Оксфорд, Оксфорд, Велика Британија
  6. Универзитет на Калифорнија Беркли, Беркли, САД
  7. Универзитет Принстон, Принстон, САД
  8. Јеил, Њу Хејвн, САД
  9. Универзитет Колумбија, Њујорк, САД
  10. Технолошки калифорниски институт, Пасадена, САД

Поврзани вести

Back to top button