Свет

Ова е наследникот на Путин

Актуелниот министер за одбрана Сергеј Шојгу на својот претседател за неговиот роденден му донесе специјален подарок, воената интервенција во Сирија, која истата вечер тие ја прославиле со играње хокеј, при што Путин постигнал седум гола, а Шојгу, еден. Нивниот тим победил лесно, наведува порталот Економист, а пренесува Информер.

Порталот тврди дека од 2012, кога Шојгу е назначен за министер за одбрана, неговото партнерство со Путин напредувало во секој поглед, а од тогаш руските воени сили станале главен инструмент на надворешната политика на Путин.

– Во Крим, во источна Украина, по должината на границите на земјите од НАТО, во Сирија, Русија се покажа како сила која е многу добро заштитена, и постигнува и нова, досега невидена ефикасност. Под Шојгу, руските вооружени сили покажаа моќ, организација и логистички систем кој досега не се видени – изјави неодамна Евелин Фаркаш, до неодамна првиот човек на Пентагон за следење на состојбите во Русија.

Економист наведува дека Шојгу е многу повеќе од само еден обичен министер за одбрана.

– Три години е помлад од Путин, а во власта е од 1990. Речиси 22 години го водеше Министерството за вонредни ситуацииги  користеше предностите на руската бирократија, собра моќ и популарност, а притоа не си создаде непријатели – пишува порталот, а потоа го цитира аналитичарот Евгениј Минченко:

„Не постои никој сличен на него во владејачката класа … ”

Шојгу го сврте вниманието врз себе со решавањето на конфликтот во Јужна Осетија, Таџикистан и Чеченија, а кога поранешниот руски претседател Борис Елцин го подготвуваше теренот за предавање на власта на Владимир Путин, токму Шојгу стана претседател на партијата Единство, која подоцна го промени името во Единствена Русија.

Елцин го опишувал Шојгу како најголема ѕвезда на модерната Русија, сепак, тој одлучи да се повлече и да ја препушти лидерската позиција на Путин, со образложение дека „едно дрво не може да издржи две мечки”.

– Кога Анатолиј Сердјуков ја изгуби довербата на Путин, тој знаеше кому да се обрати. Шојгу стана министер за одбрана, Армијата повторно ја поврати довербата, а тој се сврте кон новата сфера – односи со јавноста.

Неговиот прагматичен пристап за прв пат се виде на состанокот со поранешниот американски секретар за одбрана, Чак Хејгел, кога му се обраќаше со личното име, а не со презимето, како што претходно беше праксата”, пишува Економист.

Според некои експерти, Шојгу нема прекумерна амбиција да ја преземе функцијата претседател на Русија, но како што во јавноста се повеќе се појавува прашањето „Што по Путин” возможно е дека тој повторно ќе ја одигра улогата на тимски играч и ќе го прифати местото кое со себе носи голема одговорност и огромен притисок.

Шојгу е првиот министер за одбрана на Руската Федерација кој се прекрстил поминувајќи низ  портата на Спаска кула во Кремљ за време на воената парада за Денот на победата.

Сергеј Шојгу (рус. Сергей Кужугетович Шойгу) е роден на 21 мај 1955 во Чадан, Тива. Носител е на звањето херој на Руската Федерација.

Поврзани вести

Back to top button