Живот

Откриен нов поефикасен начин за лечење на рак

Развиен е нов систем сличен на дијализа што значително би ја намалил цената на третманите против канцерот, како и би го намалил ризикот за негово ширење низ телото.

doktor

Тим на истражувачи од University of New South Wales (NSW) го развиле овој систем користејќи филтри од биочипови кои ги идентификуваат и отстрануваат канцерогените клетки од крвта, а процесот го нарекле „дијализа за канцер“.

Функционира на тој начин што се зема крв од пациентот која е составена од нормални крвни клетки и канцерогени ќелии, за потоа да се стави во биочиповите каде што клетките, засегнати од хидродинамичките сили, се приморани да мигрираат при што посебно се издвојуваат канцерогените од обичните клетки.

Кај пациентите чиј што канцер е се уште во рана фаза, овој процес може значително да ја намали шансата тој да метастазира.

Редовните тестирања кои мора да ги прават овие пациенти за да проверат нивната состојба во Австралија (каде што се наоѓа истражувачкиот тим) чинат околу $700, додека користењето на биочипот за проверка на нивото на канцерогени клетки во крвта ќе чини од $50 до $100.

Сето ова е сè уште во зачеток – потребно е финансирање и поддршка од разни институции, за да овие филтри можат да почнат да се тестираат во австралиските болници за неколку години.

Поврзани вести

Back to top button