Живот

Едноставна облога од мед против кашлица

Доколку имате мало дете кое го мачи кашлица, а нема температура и не е алергично на мед, можете да му направите облога од брашно и мед, која постарите од шест години треба да ја држат цела ноќ, а помалите само два часа.

med

Зимата е идеална за вируси и настинки, а тоа значи и за упорната и непријатна детска кашлица. За да им помогнете на малечките, под услов се уште да не добиле температура и да немаат алергија на мед, направете им ја оваа спасоносна облога.

Помешајте малку брашно со лажичка мед, додадете капка било какво растително масло и месете додека не добиете маса која не се лепи за прстите. Оваа смеса завиткајте ја во салфетка, па во газа и залепете ја врз градите на детето. На постарите од шест години облогата оставете ја да стои во текот на целата ноќ, а кај помладите доволно е да стои два часа.

Со рецептот на нашите баби, кашлица набрзо ќе се смири.

Поврзани вести

Back to top button