Орбан: Време е за промени во ЕУ, граѓаните сакаат можност за семејство и одгледување деца, а не ЛГБТ прашања

Објавено: петок, 15 септември 2023 во 11:35
Spread the love

Дојде време да се замени доминантниот дискурс во Европската унија. Сега е водена од прогресивна и либерална елита незаинтересирана за главните проблеми на граѓаните на ЕУ, како што се желбата за семејства и одгледување деца. Ова го изјави Унгарскиот премиер Виктор Орбан на Демографскиот самит во Будимпешта

Орбан се осврна на претстојните избори за Европскиот парламент и порача дека конзервативната струја сака да постигне значително подобар резултат.

За време на говорот Орбан рече дека е дојдено време за промени во Европската унија.

– Европскиот парламент се занимава со глупости и не потсетува на Советите кои се обидоа да го променат текот на реките, рече премиерот на Унгарија.

Според него конзервативната струја има сила да ја промени ситуацијата на изборите за Европскиот парламент во 2024 година.

– Немаме шанси да ги убедиме сегашните либерални и прогресивни елити да размислуваат поинаку. Мораме да ги тргнеме настрана, но таквата промена бара конзервативни сили ориентирани кон семејството да ја преземат власта во што повеќе земји, заклучи Орбан.