Бизнис
Нов Зеланд бара сезонски работници, дневница 9.700 денари
На Нов Зеланд владее хроничнен недостиг на сезонски работници кои шест дена во неделата би береле и пакувале јаболка.
Токму поради недостигот на работна сила, новозеландските овоштари упатија апел до Владата како би им помогнала во потрага по работници ширум светот, на кои би им го олеснала влегувањето во државата.
Имено, Нов Зеланд прима 9.500 сезонски работници, а овоштарите од Владата бараат да им одобри влез со туристичка виза. Оваа работа се плаќа и до 160 евра дневно (околу 9.700 денари).
Во Нов Зеланд според законот за минимална сатница никој не смее да заработи помалку од 14,75 новозеландски долари (околу 550 денари) по час работа.Условите за вработување се добро позавање на англиски јазик, како и добра општа здравствена состојба.