Бизнис
Нокиа 1100 може да се продаде за 50.000 евра на црн пазар!
Нокиа 1100 сега има голема вредност на црниот пазар, кој може да достигне вртоглаво висока цена. Ако го имате скриено некаде во фиока, може да си купите и стан од продажбата на овој телефон. Моделот 1100 кога излезе вредеше 75 евра и се произведуваше од 2002 до 2003 година.
Меѓутоа, поради голем недостаток во софтверот, кој хакерите го откриле, тој стана популарен и многу баран телефон од страна на сајбер криминалците најмногу во Русија, Мароко и Романија.
Моделите што биле произведени во Германија имаат софтверски недостаток, поради кој може да се врши злоупотреба и илегални трансакции со пари, следење на повици и прислушкување. Нокиа 1100 сега може да достигне цена и до 50.000 евра на црниот пазар.