Свет

Низ Тирана се делат летоци – „Треба да се убијат оние кои не се верници“

Во Тирана екстремисти делат летоци на кои пишува „треба да се убијат оние кои не се верници“. Ова за тиранската телевизија Ора њуз, го изјавил Ермир Ѓиниши, поранешен потпретседател на Муслиманска заедница во Албанија.

Тој тврди дека „пропагандните летоци со силен екстремистички карактер се дистрибуираат по домовите низТирана“.

Сега, констатира порталот Албеу, кој ја пренесува веста, останува властите да започнат истрага за да се испита дали оваа изјава е точна, со цел да се избегне било кој потенцијален ризик за ширење на радикалните елементи во земјата.

Во дебатната емисија на истата телевизија гостувал и самопрогласен имам Арманд Али, кој вторпат во јавен настап на телевизија не се согласил со тоа дека ИД е терористичка организација, велејќи дека „таму има луѓе инфилтрирани од тајните служби“ и оти ништо точно не може да каже.

По апсењето на самопрогласениот имам Генци Бала, од џамијата „Нов прстен“ во Тирана, со оваа џамија,која е вон ингеренција на исламската верска заедница, раководи токму Арманд Али.

Поврзани вести

Back to top button