Нешто незамисливо за кај нас: Финскиот претседател се врати дома од Хрватска со нискобуџетен лет и седеше во економска класа
Финскиот претседател Саули Ниинисто, после посетата на Хрватска дома се врати со авион. Но нити си замина со фински авион, нити со владин авион, ниту пак леташе со бизнис класа. Ниинисто се врати во Финска со нискобуџетен лет на компанијата Norwegian и седеше во економска класа.
Веста за него ја пренесоа финските медиуми, а според нивните пишувања претседателот патува со бизнис класа, но на летот од Сплит до Хелсинки немаше таква можност. И затоа патуваше како сите останати.
Според портпаролката на финскиот претседател, Катри Маконен, неговата посета заврши во Сплит каде го отвори почесниот конзулат на Финска, од каде немаше директен лет за Финска туку за Норвешка, па така преку Осло стигна до Хелсинки.
Цената на летот од Сплит до Хелсинки е 61 евро.