Не ги заборавајте солзите на момчињата судија, порача мајката на убиениот Наќевски
Овде премногу работи се случија и веќе премногу долго чекаме да се открие што се случи со нашите деца и конечно да се открие вистината, реагираа родителите на момчињата кои беа убиени пред шест години. Зорица Наќевска, мајката на убиениот Александар му порача на судијата Огнен Ставрев да не ги заборава солзите на момчињата.
На почеток од судењето, судијата Огнен Ставрев рече дека денеска ништо нема да се работи оти неговиот колега бил болен. Имено судијата Османи Шабани од утрово е на боледување.
На ова остро реагираа роднините на убиените момчиња кај Смилковското езеро..
„До кога вакви игри судија?“
„Ни ја ветивте вистината а се уште не сме ги слушнале снимените телефонски разговори за овој случај.“
Ова беа дел од коментарите кои се слушаа во судницата од роднините на убиените..
Судијата Ставрев пак објасни дека и нему не му било лесно и сметал дека денеска ќе се сослуша заштитениот сведок. Побара од роднините да не мешаат политика во судската расправа.. Објасни дека во следните рочишта тој и обвинителството ќе имаат доволно време да го испитаат заштитениот сведок а неговиот исказ ќе го слушне и јавноста..
За Роднините е сомнително одлужувањето бидејќи и во минатото постоела истата пракса..
Случајот „Монструм“ е повторно во судница откако Врховен минатата година ги укина доживотните затворски казни за шестемина обвинети па предметот го превзема Специјалното јавно обвинителство.. Судската расправа продолжува на 22 идниот месец..
Таткото на едно од убиените момчиња вели дека центар на моќ го контролира овој суд.
-Центар на моќ го контролира овој суд, премиерот Заев и шест функционери на ДУИ што се државна тајна го контролираат овој суд и се служат со истите финти како и минатата година кога се формираше владата кога се разболи судијата Ивица.
Денес требаше да се сведочи заштитениот сведок, но судијата Осман Шабани наместо тоа си земал боледување.