Научниците од Харвард открија кои видови храна треба да се одбегнуваат
Што точно значи здрава исхрана? Основите се прилично едноставни. Секому му е потребна комбинација од протеини, јаглехидрати и масти, како и доволно витамини и минерали за оптимално здравје. Но, науката вели дека некоја храна во овие категории е поздрава од другата.
Постои ли храна која никогаш не би требало да ја јадете? Всушност, не. Ако повремено сакате да јадете сладолед, тоа нека биде мала порција и не секој ден. Изедете и чипс доколку не можете да издржите, но малку и нека не ви стане навика. Здравата храна не значи потполна елиминација на одредена храна.
Научници од „Харвард“ направиле листа од храна која треба да се држи на минимум. Ако така постапите и се одлучите за поздрави алтернативи, нема да бидете изложени на зголемен ризик од срцеви болести, висок притисок, дијабетес и некои карциноми.
Додадени шеќери
Доколку се работи за бел или кафеав шеќер, оваа храна нема хранливост и тоа се чисти јаглехидрати. Доколку јадете многу шеќери, внесувате празни калории, а предизвикувате раст или пад на шеќерот во крвта. Освен тоа, привременото чувство на ситост може да ве спречи да јадете храна која содржи хранливи состојки.
Засладените пијалоци се главен извор на додадени шеќери и една од главните причини за зголемување на телесната тежина. Само едно шише сок дневно може да додаде до 7 килограми во една година.
Млечни масти
Сладоледот, полномасното млеко и сирењето се полни со заситени масти и некои транс-масти што го зголемуваат ризикот за проблеми со срцето. Најздравите млечни производи се варијанти со помалку масти.
Колачи
Колачите, крофните, мафините и другите слатки задоволства кои ги јадете се комерцијално подготвени верзии кои содржат јаглехидрати, шеќери, нездрави маснотии и често, сол.
Бели шеќери
Лебот, тестото, компирот, оризот, колачите или палачинките се произведени од брашно од цели житарки со кои се внесува повеќе шеќери и нездрави масти.
Процесирано месо
Месата како сланината, шунката, виршлите се многу понездрави отколку протеините од рибата, пилешкото без кожа и слично. Свежо црвено месо јадете само ако морате.
Сол
Моментално се препорачуваат 1.500 милиграми, а никако повеќе од 2.300 милиграми натриум дневно. Многу од нас консумираат една и пол лажица сол на ден, што е 8.500 милиграми сол, односно 3.400 милиграми натриум дневно. Премногу натриум може да предизвика висок притисок и ризик од болести на срцето и мозочен удар.