Македонија

Наќевски: Заев ни покажа пред масакрот кај Смилковско езеро, обвинетите разговарале со Невзад Бејта од ДУИ

Горан Наќевски, татко на Александар кој заедно со уште четворица пред шест години беше убиен кај Смилковското езеро, на денешното рочиште за случајот Монструм, побара од судот јавно да се објави чии се петте телефонски броеви кои се заведени како државна тајна, а комуницирале со сега обвинетите во случајот Монструм.

„Кога бевме кај Заев рече дека ќе ни даде 6 разговори државна тајна за 6 функционери на ДУИ. Но, подоцна тие станаа 5. ДУИ тогаш беше нивни противник. Заев ни ги покажа транскриптите, ни го посочи Невзат Бејта и ни покажа транскрипт од разговор меѓу Невзат Бејта и обвинетиот Фејзи Азири. Не го исполни ветувањето, од политички причини не ни ги даде тие 5 државни тајни“, . Исто така, Заев ни рече дека Опел Омегата, или возилото со кое се превезувале извршителите е на МВР.  Заев не ни исполни многу ветувања, ни ветуваше дека ќе се дознае вистината, но тоа не се случи. Тој со доказите што ги поседува манипулира и уценува, изјави Наќевски пред судот .

Заев не ни исполни многу ветувања, ни ветуваше дека ќе се дознае вистината, но тоа не се случи. Тој со доказите што ги поседува манипулира и уценува, истакна Наќевски пред судот.

Наќевски побара од судијата Огнен Ставрев стражарно да го приведе премиерот Зоран Заев затоа што како политички противник на ДУИ им изнел конкретни докази за вмешаност на функционери од ДУИ во свирепото убиство.

„Бараме претрес да се изврши во моментов во седиштето на СДСМ. Тврдам дека тие транскрипти се таму. Бараме да не соочите со премиерот Заев, дека не лажеме и не измислуваме. Стражарно приведете го, ќе го почекаме, изјави Наќевски во името на сите родители.

 

Поврзани вести

Back to top button