Религија

Над оние што се погордуваат Господ се потсмева, а на смирените им дава благодат“

Господ со премудроста ја основа земјата, со разум ги утврди небесата; преку Неговата премудрост се отворија бездните, и облаците оросија со роса. Синко, не ги испуштај од предвид овие, работи; запази ја мудроста и разумот; тие ќе бидат живот за душата твоја и украс на вратот твој; ќе бидат изцеление за твоето тело и лек за твоите коски.

Тогаш ќе одиш без опасност по патот свој, и ногата твоја нема да се сопне. Коге ќе легнеш да спиеш, нема да се плашиш, и кога ќе заспиеш, сонот ќе ти биде пријатен. Нема да се исплашиш од ненадеен страв, ниту од напад, кој доаѓа од безбожниците, бидејќи Господ ќе биде на сите твои патишта и ќе ја запази ногата твоја од препнување. Не откажувај да му направиш добро на оној, кој има потреба, кога раката твоја има сила да му помогне. Не му вели на пријателот свој: „Оди си и дојди пак; утре ќе ти дадам” кога си во состојба да му помогнеш, зашто не знаеш што ќе роди утрешниот ден.

Не крои зло против ближниот свој, кој е придојден и кој со доверба живее при тебе. Не се карај со човек без причина, кога не ти направил никакво зло. не завидувај му на човек што постапува насилно, и не избирај ни – еден од патиштата негови, зашто на Господа му е одвратен безбожникот, а близок е со праведникот. Проклетството Господово е врз домот на нечесниот, а живеалиштето на праведникот Бог го благословува. Над оние што се погордуваат, Он се потсмева, а на смирените им дава благодат.

Мудри Соломонови изреки 3, 19-34 Втора паримија од Вечерната во петокот од првата седмица на Сечесниот пост „Над оние што се погордуваат, Он се потсмева, а на смирените им дава благодат“.

Потсети се на овие зборови особено тогаш, кога одиш на исповед. Ништо не го врзува јазикот за да не рече „Грешен сум“, колку што гордоста го прави тоа. Смири се пред Господа, не се штити себеси, не плаши се од ликот човечки. Откриј го својот срам за да се измиеш, покажи ги своите рани за да се исцелиш, кажи ги своите неправди за да се оправдаш. Колку побесчувствителен ќе бидеш кон себеси, толку поголемо сожалување ќе пројави Господ врз тебе, и ќе заминеш со слаткото чувство на помилување. А тоа и е благодатта на нашиот Господ Исус Христос, која се дава на оние кои себе се смируваат со искреното исповедање на своите гревови.

Свети Теофан Затворник

Извор: http://pravoslavie.mk. Прочитајте повеќе на: https://pravoslavie.mk/na-gordelivite-gospod-se-potsmeva/ .

Поврзани вести

Back to top button