Свет

Морничава судбина на навивачките од Северна Кореја – Биле користени како сексуални робинки

Севернокорејските навивачки на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг наводно биле користени како сексуални робинки од страна на високите политичари, тврдат тие што успеале да побегнат.

Ли Со-Јеон, 42-годишна поранешна воена музичарка која што во 2008-ма година успеала да побегне во Јужна Кореја, открила дека танчерките и пејачките биле присилувани на сексуални услуги за време на забавите кои што се одржуваат за членовите на Централното политичко биро на земјата, чиј што член бил и лидерот Ким Јонг Ун.

„Забавувачите од Северна Кореја настапуваа тука и со фенси игри и песни, но тие не само што мора да бидат дел од пропагандата на Ким Јонг Ун, туку мора да присуствуваат и на забавите и да даваат сексуални услуги. Таквите забави се одржуваат секој ден“, открива Ли Со-Јеон.

„Жените кои што присуствуваат на забавите на политичарите, мора да се соблечат голи. Тие ги третираат како да се обични предмети“, раскажува таа и тврди дека овие тврдења се засноваат на инцидентите кои што се случиле во Северна Кореја пред неколку години.

Спортистите кои што учествувале на игрите исто така биле опишувани како робови од страна на побегнатите севернокорејци во Јужна Кореја. Тоа го тврди и Ким Хјунг-Со кој во 2009-та година побегнал во Јужна Кореја заедно со својот син кој што бил врвен скијач.

„Се еден збор, спортистите на Ким му се спортски робови. Дури и тренерите му се робови на Ким Јонг Ун и режимот на Северна Кореја“, открива тој.

„Во Северна Кореја, Ким Јонг Ун и режимот се целиот свет. И натпреварувачите и навивачите. Сите се тоа робови. Тие ги избираат луѓето кај кои што е најмала веројатноста да побегнат и кои што имаат проверени биографии. Тој фактор е пресуден во најраната фаза“.

Поранешната навивачка Хан Сео-Хи ги опишува екипите на навивачки од Северна Кореја како „војска на убавината“.

Таа за британски „БиБиСи“ открива дека жените ги избираат поради нивниот добар изглед и сите се присилени да поминат низ тримесечна идеолошка обука за да се обезбеди нивната лојалност кон режимот.

Поврзани вести

Back to top button