Свет

Над 55% од граѓаните на Европа не сакаат да им доаѓаат Муслимани во нивните земји

Над 55% од граѓаните на Европа би го запреле миграцискиот бран од муслиманските земји, покажува истражување на Кралскиот институт за меѓународни работи од Лондон.

Над 10.000 жители од 10 европски земји се изјасниле дека сакаат да го запрат бранот од муслиманите земји.

25% од испитаниците биле неодлучни, а 20% биле против. Но, процентот на оние кои се против во ниту една земја не поминал 32. Ова покажува дека во Европа има незадоволство од имиграцијата.

Најголеми противници се Австрија, Полска, Унгарија, Франција, Белгија, Германија и Грција.  Со исклучок на Полска, сите други земји или се соочиле со бегалска криза или пак имале терористички напади.

Постарата популација е построга во однос на имиграцијата и не сака доселување.

Поврзани вести

Back to top button