На мигрантите во Германија им е забранет влез на затворен базен- сексуално вознемнирувале жени
На машките мигранти нема да им биде дозволен влез во затворениот општински базен во германскиот град Борнхајм, по серијата инциденти во кои жени се пожалиле на сексуално вознемирување, пренесе ДПА.
Мажите за кои е воведена забраната биле сместени во прифатниот центар за бегалци во Борнхајм, мал град во близина на Бон. Пристапот до затворениот базен тие го добиле како дел од пакетот помош додека го очекувале добивањето одобрение за престој.
Германија презеде мерки против сексуалните напади од страна на мигрантите по масовите напади врз жени во градот Келн за новогодишната ноќ, забележува ДПА.
– Ниту еден од лицата кои ги сториле инцидентите во базенот не одговарал за кривично дело, изјави Маркус Шнапка, службеник за социјална помош во градот. Персоналот на базенот, но и големиот број жени, кои го посетувале, биле згрозени од однесувањето на мажите бегалци.
Сите бегалци ќе можат повторно да го посетуваат базенот откако ќе го попрват своето однесување. Шнапка уверува дека тие разбрале зошто е воведена забраната.
-Откако социјалните работници ќе кажат дека пораката е разбрана, забраната ќе биде повлечена, додаде тој.