БизнисИзбор на уредникотСвет

На Германија ѝ се потребни најмалку 1,5 милиони имигранти годишно

„На Германија ѝ се потребни најмалку 1,5 милиони имигранти годишно за да го задржи потребниот број луѓе на пазарот на трудот“, вели економистката Моника Шницер, една од членовите на советодавната група за економија на сојузната влада, популарно позната како „Економски мудреци“.

Таа рече дека оваа бројка е неопходна ако се земе предвид фактот дека годишно многу луѓе ја напуштаат Германија.

Во интервју за „Зидојче цајтунг“, таа објасни дека реформата на законот за имиграција на федералната влада е „добар чекор“ во насока на зголемување на бројот на квалификувани работници.

Шницер рече дека покрај реформите на законите за имиграција и отстранувањето на бирократските пречки, на Германија и треба и „култура на добредојде“ за професионалците да се чувствуваат поудобно во Германија.

„Не секое работно место бара совршено познавање на германскиот јазик. Наместо тоа, вработените во канцелариите за странци треба да зборуваат англиски“, рече Шницер.

Во врска со секогаш присутната нетрпеливост кон странците, Шницер предупреди и на можно намалување на инвестициите.

„Кога Intel гради фабрика за чипови во Магдебург на истокот на земјата, сака и експертите од странство што ги носи во оваа фабрика да се чувствуваат удобно“, рече Шницер.

На истокот од Германија, десничарската популистичка Алтернатива за Германија (AfD), која се противи на секаков вид имиграција, моментално доживува силен пораст на популарноста.

Пред неколку дена Бундестагот ја прифати реформата на законот со кој ќе се овозможи имиграција на квалификувани работници по принципот на бодови, слично на класичните имиграциски земји Канада и Австралија. Законот треба да ja олесни имиграцијата не само на академски образованите специјалисти, туку и на работниците со средно стручно образование.

Поврзани вести

Back to top button