Бизнис
На Европа ќе и требаат 30 милиони работници
Според деталната анализа на Европската комисија, работната сила во следните години ќе се намалува и на Европа наскоро ќе и требаат 30 милиони дополнителни работници.
Секој петти хрватски работодавец, наспроти исклучително високата стапка на невработеност, на пазар на работната сила не може да најде работници со соодветни квалификации, со што, заедно со кипарските, се најдоа на дното на листата меѓу државите на ЕУ.
Во балтичките држави и во Австрија истиот проблем го наведуваат над 60 отсто од работодавците, а на ниво на ЕУ работници со потребна квалификација не можат да најдат дури 40 отсто работодавци.