Муслимани ги заштитиле христијаните од терористи: Убијте не сите или оставете не на мира!
Група муслимани кои патувале со автобус, ги заштитиле патниците христијани одбивајќи да се разделат во групи откако тоа им го наредиле исламистите кои го фатиле автобусот во заседа, пишуваат светските медиуми.
Патниците од автобусот кој го застанале џихадистите им рекле да ги убијат сите или да ги остават на мира, изјавил очевидец. Автобусот се движел од Најроби до градот Мандера.
Групата Ал Шабаб чие седиште е во Сомалија, често извршуваат напади во градовите во Кенија, но се уште не е познато дали тие се одговорни за овој напад во кој се убиени две лица.
-Луѓето покажаа чувство на патриотизами верност едни со други, – изјавил гувернерот Али Роба коментирајќи го овој немил настан.
– Милитантите се одлучиле да ги пуштат патниците откако тие покажале единство, завршил гувернерот.
Имено, кога Ал Шабаб изврши напад на Универзитеот во Гариса во април каде уби 148 лица, ги издволеа христијаните и ги затрелале, додека муслиманите ги пуштале.