Свет

Можна ескалација во САД : Се вооружуваат Новите црни пантери и поддржувачите на Трамп

Претседателот на афроамериканското движење „Нови црни пантери“, Хашим Нзига соопшти дека неговите припадници ќе носат оружје кое ќе го користат за самоодбрана на протестите. Како што пренесуваат американските медиуми, тие ќе го носат оружјето на протестите пред конвенцијата на Републикансакта партија, а поддржувачите на кандидатот на Републиканците за претседател на САД, Доналд Трамп соопштија дека и тие ќе го сторат истото, односно ќе се вооружат.

crni panteri

„Доколку тоа државата го дозволува, тогаш ќе го искористиме правото кое што ни го дава вториот амандман на Уставот затоа што има групи кои што најавуваат дека ќе бидат таму и ни се закануваат дека ќе не нападнат“, изјави Нзига.

Неговите „Нови црни пантери“ го добија името по „Црните пантери“, организација која што беше активна од шеесетите до осумдесетите години на минатиот век. Тие се залагаа за борба против општественото угнетување, а често се бореа и со оружје.

Во интервјуто за британската новинска агенција „Ројтерс“, лидерот на „Новите црни пантери“ го осуди убиството на петте полицајци во Далас минатата седмица и порача дека неговата група не учествувала во тој напад.

Во меѓувреме, се огласија и официјални лица од Охајо кои што соопштија дека според законот на таа држава, демонстрантите ќе можат да носат оружје за време на протестите, па сега голема е веројатноста повторно да има ескалација и да дојде до нови крвопролевања во САД.

Поддржувачите на кандидатот на Републиканската партија за претседател на САД, Доналд Трамп, соопштија дека после новонастанатата ситуација, и тие ќе носат оружје на протестите, па сега во САД уште повеќе завладеа паника затоа што двете групи ќе се најдат во непосредна близина и властите стравуваат дека ето тоа ќе заврши со ново крвопролевање кое сега може да биде од поголеми димензии.

Нзинга изјави дека очекува дека „неколку стотина“ членови на движењето „Нови црни пантери“ да се приклучат на протестот кој е закажан за во четврток во Кливленд.

Поврзани вести

Back to top button