Мистерии

Можеби ние сме вонземјани?

Доктор Калеб Шарф од Универзитетот Kолумбија во Њујорк смета дека животот започнал на Марс, пред да биде со астероид пренесен на Земјата.

Радикалната теорија – панспермија, прв пат била изнесена во 1871 година и според неа, на Марс некогаш имало идеални услови за настанување на живот, вклучителни вода во течна состојба и атмосфера. Според теоријата, на оваа планета во еден момент удрил астероид кој собрал животни форми и ги пренел на Земјата, пренесува српски „Курир“.

– На Земјата може да се најдат делови од Марс, па претпоставуваме дека на Марс може да се најдат делови од Земјата. Ако овие карпи може да пренесуваат живи организми, тогаш не е исклучено дека ние можеби сме Марсовци – изјавил Шариф за „Бизнис инсјадер“.

Иако се уште нема цврсти докази, идејата за панспермија е се поприфатлива меѓу научниците.

Поврзани вести

Back to top button