Избор на уредникотРелигија

МОЛИТВА ПРОТИВ МАГИЈА (од духот на злобата, од лукави луѓе, од магии, проклетства…

Господи Исусе Христе, Сине Божји, со крстот поразувајќи ја древната змија и со врските на мракот во тартарот врзувајќи ја, заштити ме од нејзините сплетки.

По молитвите на Пречистата Владичица наша Богородица и секогаш Дева Марија, светиот Архангел Михаил и сите небесни сили, на Светиот пророк и Крстител Јован, светиот евангелист Јован Богослов, свештеномаченикот Кипријан и маченицата Јустина, светиот Николај чудотворец, свети Никита Новгородски, свети Јован Шангајски и Санфранциски чудотворец … и сите светии, со силата на животворниот Крст и по застапништвото на Ангелот чувар, избави ме од духот на злобата, од лукави луѓе, од магии, проклетства, уроци и од секоја непријателска клевета.

Со Твојата семоќна сила сочувај ме од злото, за озарен со Твојата светлина, безбедно да стигнам на тивкото пристаниште на Царството Небесно и таму вечно да Ти благодарам Тебе, на мојот Спасител, заедно со безначалниот Твој Отец и сесветиот и животворен Твој Дух. Амин.

Извор: Молитва против демонских козней

Поврзани вести

Back to top button