БизнисТоп

Млекото во Германија поевтино отколку во Македонија (ФОТО)

Како е можно во Македонија млекото кое го произведуваме и ние да биде значително поскапо од она кое се произведува во Германија. Тоа е прашањето кое не можете а да не си го поставите кога ќе ги видите сликите кои доаѓаат од германските супермаркети каде млеко може да се најде за околу 66 денари по литар.

Во Македонија млекото ретко каде се продава под 75 денари, а има продавници кои го продаваат и поскапо, иако од фармерите се откупува по 20 денари.

Слична цена млекото има и во Грција. Викендов литар млеко во грчки Лидл се продаваше за 1,09 евра.
Соочени со ваквите цени граѓаните почнаа да наоѓаат алтернатива во набавки директно од производителите на храна кои ги нудат своите производи по цени кои се неколку пати пониски од оние кои ги има во продавниците.

Поврзани вести

Back to top button