Мистерии

Мистериозна дрога уби момче и девојка, уште 57 луѓе примени во болница!

Во Tампа на Флорида во текот на „Сансет“ музичкиот фестивал, на кој во текот на два дена присуствувале повеќе од 30.000 луѓе, непозната дрога убила двајца, а поради неа 57 млади луѓе се примени во болница.

Кејти Бермудез (21) од Кисимиј и Алекс Хајнс (22) од Мелбурн се единствените чија смрт е потврдена, а кои претходно од фестивалот во Флорида биле пренесени во болница.

– Социјалните работници ми кажаа дека мојата ќерка е на апарати, и дека морам да одам во болницата, кажала за ФОКС мајката на починатата Кејти. – Не знаеме што се случило. Ги чекаме резултатите од аутопсијата, од болницата не знаат ништо што да ни кажат.

Симптомите на Бермудез биле висока грозница и оток во мозокот, но докторите ништо не можеле да направат за да ја спасат.

Организаторите на фестивалот одбиле да зборуваат пред медиумите за овој случај, за да не пречат во текот на истрагата, кажувајќи дека секој изгубен млад живот е вистинска трагедија и дека изразуваат големо сочувство на семејствата. Полицијата не дава никакви соопштенија по повод трагичната смрт на двата млади животи.

Поврзани вести

Back to top button